Анкета: Повеќето Американци се задоволни од победата и потезите на Трамп при трансферот на власта
Мнозинството Американци се задоволни што Доналд Трамп победи на претседателските избори, како и неговите потези за време на транзицијата на власта, покажува најновата анкета спроведена од ТВ мрежата Си-Би-Ес Њуз и маркетинг компанијата ЈуГов.
Дваесет и четири отсто од испитаниците биле задоволни од фактот дека Трамп победил на изборите, додека 31 отсто се изјасниле дека се среќни поради тоа, објави Вашингтон тајмс.
Дури 59 отсто од анкетираните се задоволни од потезите на Трамп во периодот на трансферот на власта. Меѓу републиканците, 54 отсто се возбудени што Трамп ќе направи кога ќе ја преземе функцијата, додека 41 отсто се изјасниле дека се оптимисти за тоа.
Меѓу демократските испитаници, 50 отсто рекле дека се плашат што ќе направи Трамп кога ќе ја преземе функцијата, а 30 отсто рекле дека се загрижени.
Повеќето републиканци, дури 78 отсто, изјавија дека победата на Трамп ги инспирирала да го поддржат.
Кога станува збор за луѓето кои Трамп ги избрал за членови на неговата администрација, 89 отсто од испитаниците веруваат дека е важно овие луѓе искрено да го изразат своето мислење, додека 86 отсто рекле дека е важно да имаат искуство во секторот или агенцијата што ќе ја водат.
Повеќе од половина од анкетираните Американци (65 отсто) сметаат дека демократијата во САД е под закана, додека 35 отсто мислат дека не е.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Имаме над 27 проценти повеќе откупени земјоделски производи споредено со истиот период лани
-
Шеснаесет пливачи и пливачки ќе учествуваат на 38. Охридски пливачки маратон
-
Калас: Путин се потсмева на мировните напори за Украина
-
Донација на специјално возило работно АТВ за Општина Илинден
-
За викенд нестабилно време со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-
Целосно изгаснати пожарите во Општина Желино
-
Запленети котури сајла со дијамантски прстени наменети за сечење мермер, објективи за камери, цигари и маслиново масло
-
Судењето за нападот врз Арсовска продолжува – обвинетиот тврди дека е жртва