Анкета: Пораст на евроскептицизмот во Словенија
Словенците членството во Европска унија се уште го оценуваат како корисно, но евроскептицизмот е во силен пораст, покажува анкетата денеска објавена во љубљанскиот весник „Дело“.
На прашањето за користа од интеграцијата 37 отсто од испитаниците одговориле позитивно, а 25 проценти дека Словенија претрпела штета, додека останатите се неутрални или не сакале да се определат.
На прашањето дали би поддржале референдумско одлучување за излегување на Словенија од ЕУ 50 отсто од анкетираните навеле дека се против, а 42 проценти дека се согласуваат со идејата.
- Во првите десет години од членството во ЕУ Словенија од европските фондови добила речиси 4,5 милијарди евра, што значи дека многу повеќе добила од европскиот буџет отколку што уплатувала, наведува „Дело“.
Ново на Сител
-
Нема веќе спортисти на рекламите за обложување
-
Две лица повредени откако тинејџерка со автомобил излетала од патот
-
61-годишник со „мерцедес“ излетал кај Миладиновци, четири лица повредени
-
Наставник нападнал ученик во Охрид
-
Стоилковиќ: Празнувајќи го Меѓународниот ден на ромскиот јазик даваме придонес во чувањето и негувањето на културните особености на ромската заедница
-
Во октомври зголемени цените на угостителските услуги
-
Мет Лебланк од „Пријатели“ ѝ се посвети на новата работа со луксузни автомобили
-
Муцунски во Прага на средба со чешкиот министер за индустрија и трговија, Лукаш Влчек