Анкета: Партијата на Макрон ќе освои мнозинство на парламентарните избори во Франција
Партијата на францускиот претседател Емануел Макрон ќе освои приближно една третина од гласовите на парламентарните избори во јуни и ќе си обезбеди солидно мнозинство, покажува анкетата на Француаскиот институт за истражување на јавното мнение и консултантската компанија „Фидусијал“ за списанието „Пари мач“, пренесуваат британските медиуми.
Партијата на Макрон, „Републиката напред“, ќе освои 31 процент од гласовите во првиот круг од изборите на 11 јуни. При последната анкета, што беше направена на 4-5 мај, пред Макрон да биде избран за претседател, прогнозите беа дека партијата ќе освои 22 проценти.
Конзервативната партија „Републиканци“ ќе освои 19 проценти, крајнодесничарскиот Национален фронт ќе освои 18 проценти, крајнолевичарската партија „Непокорна Франција“ ќе осволи 15 проценти, а Француската социјалистичка партија едвај седум проценти.
Тоа ќе биде многу под освоените 29,5 проценти на социјалистите на минатите парламентарни избори од 2012 година, кои на нив и нивните сојузници им обезбедија мнозинство во Парламентот.
Ново на Сител
-
Дрво падна врз жена во Скопје | ВИДЕО
-
Полицаец го напуштил работното место па пукал во воздух
-
Мемов: ЗНАМ ги „отвора вратите“ за сите членови на СДСМ
-
Од силниот ветер падна дрво во близина на „Веро Џамбо“
-
По најавите за поројни дождови УХМР со апел за внимание во одредени региони и реони
-
МВР: Лажни се поканите до граѓани за наводна тековна истрага
-
Лажна закана за бомба на аеродромот во Приштина
-
Топ Билд: Асфалтната база во Визбегово промовира индустриски еколошки напредок