Анкета: Од демократите 79 отсто бараат импичмент за Трамп

Повеќе поддржувачи на Демократската партија на САД бараат импичмент за претседателот Доналд Трамп, дури и ако тоа значи дека ќе им се намалат шансите за победа во Белата куќа во 2020 година, покажуваат резултатите од последната анкета на Ројтерс/Ипсос.
Сепак, поддршката меѓу поддржувачите на Демократската партија генерално се засили, додека неподдржувањето падна за 2 проценти од минатата недела, достигнувајќи 39 отсто.
Од испитаниците, 79 проценти, кои се идентификуваа како поддржувачи на Демократската партија, сметаат дека Трамп треба да биде подложен на процес за отстранување од власт. Тоа се 5 проценти повеќе во споредба со резултатите од слично истражување спроведено помеѓу 26 и 30 септември.
Само 12 отсто од поддржувачите на републиканците и околу една третина од гласачите кои секогаш не ја поддржуваат истата партија се за импичмент.
Ново на Сител
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
-

Гори Водно кај с. Чифлик, Сопиште
-

Цела Македонија во портокалова фаза
-

Повредениот скопјанец успешно транспортиран од Турција
-

Даниловски: Во скопски региони исполнети се условите за прогласување епидемија од западнонилска треска
