Македонија
3. October 2021 - 19:40

Анкета на „АКСИОС“: Победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори

Победа на кандидатите за градоначалници од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори, покажуваат резултатите од најновата анкета спроведена од Институтот „АКСИОС“.

За кандидатите на опозицијата својот глас го даваат 27,8% од анкетираните, додека за СДСМ би гласале 23,3% од испитаните. Во однос на албанскиот блок, блага предност имаат кандидатите на Алијанса на Албанците и Алтернатива пред ДУИ.

Во однос на изборните слогани според оваа анкета граѓаните сметаат дека треба да се создаде нова иднина, а не се согласуваат дека СДСМ се најдоброто за вашата општина. 

Анкетата на Институтот „АКСИОС“ е спроведена во периодот од 24 до 28 септември на стратифициран примерок од 1215 испитаници на територијата на целата држава.