Анкета: Мнозинство Срби не прифаќаат извинување од НАТО поради бомбардирањето
Мнозинство граѓани на Србија не прифаќаат извинување од НАТО поради бомбардирањето на државата пред 18 години и се противат на влез во Алијансата, покажува анкета од Институтот за европски работи.
Извинување поради бомбардирањето не прифаќаат 64 отсто анкетирани додека против членство во НАТО се 84 отсто испитаници. Членство поддржуваат само 11 отсто додека пет отсто се неопределени.
Извинување од НАТО прифаќаат помалку од третина жители на Србија.
Помалку од 40 отсто сметаат дека главна причина за бомбардирањето е политиката на Слободан Милошевиќ, 17,6 отсто тврдат дека е причина етничкото чистење на Србите во Косово, 11,3 наведуваат политички интереси додека седум отсто не знаат да наведат која било причина, јави Танјуг.
На денешен ден пред 18 години авиони на НАТО почнаа операции за бомбардирање на СР Југославија, првпат од формирањето на Алијансата без согласност од СБ на ОН. Во воздушните напади што траеја 78 дена загинаа најмалку 2.500 луѓе.
Ново на Сител
-
Кривична против градежна инспекторка од општина Куманово
-
Маж од Свети Николе нападнал малолетник
-
За девет часа над 50 земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос-најсилниот пет степени
-
Мицкоски: Интервенции во минималната кошница и пресметка со објективни параметри
-
Повеќе од 4.000 осудени лица во Холандија се на слобода бидејќи нема места во затворите
-
Лани 1.700 Македонци добиле бугарски пасош
-
Пет лица застрелани во училиште во Шведска
-
Константен пад на бројот на бракови во Германија кај младата популација