Анкета: Мнозинство Германци сакаат државата да има поголема улога на светската сцена
Според резултати од анкета, повеќето Германци би сакале нивната земја да има поголема улога на светската сцена, јави ДПА.
Истражувањето на Институтот „Форса“ меѓу 1.008 луѓе, нарачано од списанието „Интернационале политик“ и спроведено од 9 до 10 јуни, покажа дека 54 проценти од испитаниците поддржуваат поголем ангажман во надворешната политика, додека 42 проценти се против тоа.
Колку е помлад учесникот во анкетата, толку е поголема неговата желба Германија да има посилна позиција на глобално ниво.
Во возрасната група од 18 до 29 години, 74 проценти поддржуваат поголем меѓународен ангажман, додека кај лица постари од 60 години, само 39 проценти го поддржуваат тоа.
Приврзаниците на Зелените се залагаат најмногу за глобален ангажман – 77 проценти, крајната левица на партијата Ди Линке (Левица) со 65 проценти, конзервативниот блок Христијанско-демократска / Христијанско-социјална унија со 53 проценти, левоцентристички Социјалдемократска партија со 51 процент и крајно десничарската „Алтернатива за Германија“ со 44 проценти.
Ново на Сител
-
Татко физички си го нападнал малолетниот син во неготинско
-
Еден активен пожар на отворено од вкупно девет регистрирани
-
На Табановце се чека половина час, на другите гранични премини нема подолги задржувања
-
Неготичанка пријавила дека била физички нападната од својот партнер од Скопје
-
Приведени пет малолетници од Дебар, во нив пронајдени цигари си замотана марихуана
-
Под контрола два пожари на отворен простор
-
Почина затвореник од Идризово
-
Изгорени целосно две куќи во Лисиче, едно лице е повредено