Анкета: Милановиќ најпопуларен, Пленковиќ најнегативен политичар во Хрватска
– Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ во моментов е најпопуларен политичар во земјата, додека 48 проценти од испитаниците имаат негативно мислење за премиерот Андреј Пленковиќ, покажуваат резултатите од најновата анкета на Кробарометар за расположението на гласачите во Хрватска.
За Милановиќ 49 проценти од испитаниците имаат позитивно мислење, а 43 од нив имаат негативно, додека за Пленковиќ со позитивно мислење се 44 отсто од гласачите.
Лидерот на СДП, Пеџа Грбин, исто така ги подели гласачите, 38 проценти имаат позитивно мислење и 36 проценти негативно.
Мирослав Шкоро има речиси 35 проценти од гласачите кои мислат позитивно за него, а 55 проценти кои мислат негативно.
Последниот на таа листа е Томислав Томашевич – 35 проценти мислат позитивно за него, а 23 проценти негативно.
На почетокот на 2021 година, граѓаните сметаат дека прашањето за невработеност со 24 проценти е најголем проблем. Следува економската состојба, што е втор најголем проблем за 19 проценти од граѓаните. Третиот проблем е корупцијата, за која 12 проценти од испитаниците сметаат дека е важна за решавање, потоа прашањето на коронавирусот со 11 проценти и на петтото место е животниот стандард и ниските плати, за кои шест проценти од испитаниците сметаат дека е голем проблем.
Анкетата е спроведена од агенцијата ИПСОС врз 987 граѓани со метод на лично интервју од 6. до 21 јануари.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Билјана Ивановска, поранешна претседателка на ДКСК
-
Невреме со град во Скопје и низ државата
-
Политичките партии со осуда за ксенофобијата на трибини во Куманово, но и со меѓусебни обвинувања
-
Меџити и Лимани остануваат министри и во кампањата - Гаши неделава ќе распише избори
-
Независните почнаа со собирање потписи
-
Утре ќе биде распишан огласот за нов претседател на Антикорупциска
-
Владата повторно ќе воведе „Училишната кошничка“ за да не поскапи цел прибор пред први септември
-
СДСМ: Матни зделки во енергетиката, зошто ВМРО-ДПМНЕ молчи дали Алказар има одобрение за градба?