Балкан
28. March 2017 - 11:04

Анкета: Изедначени опциите „за“ и „против“ уставните измени на референдумот во Турција

Опциите „за“ и „против“ уставните измени со кои треба да се воведе претседателски систем во Турција, имаат изедначи шанси на претстојниот референдум закажан 16 април, пкажуват резултатите од анкетите на јавното мислење на турските социолошки агенции. 

Во интервју за весникот „Хуриет дејли њуз“, директорот на агенцијата „Конда“, Бекир Агардар вели дека двете опции „си дишат во врат“. 

Агардар наведе дека кај поддржувачите на уставните реформи има „доза на колебање“ и покрај побројното гласачко тело на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), во однос на противничката група на опозициските Републиканска народна партија (ЦХП) и курдската Демократска партија на народите (ХДП). 

- Речиси половина од гласачите на Партијата на националистичкото движење (МХП), кој ги поддржа реформите во Парламентот, исто така планираат да гласаат „против“ на референдумот на 16 април, нагласи Агардар, додавјќи дека една четвртина од останатите избирачи се уште не одлучиле како ќе гласаат. 

Социолошката агенција „Гезиџи“, чии прогнози традиционално се покажуваат како точни, во јануари предивде дека околу 58 проценти од избирачите ќе се изјаснат „против“ уставните измени.