Анкета: Изедначени опциите „за“ и „против“ уставните измени на референдумот во Турција
Опциите „за“ и „против“ уставните измени со кои треба да се воведе претседателски систем во Турција, имаат изедначи шанси на претстојниот референдум закажан 16 април, пкажуват резултатите од анкетите на јавното мислење на турските социолошки агенции.
Во интервју за весникот „Хуриет дејли њуз“, директорот на агенцијата „Конда“, Бекир Агардар вели дека двете опции „си дишат во врат“.
Агардар наведе дека кај поддржувачите на уставните реформи има „доза на колебање“ и покрај побројното гласачко тело на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), во однос на противничката група на опозициските Републиканска народна партија (ЦХП) и курдската Демократска партија на народите (ХДП).
- Речиси половина од гласачите на Партијата на националистичкото движење (МХП), кој ги поддржа реформите во Парламентот, исто така планираат да гласаат „против“ на референдумот на 16 април, нагласи Агардар, додавјќи дека една четвртина од останатите избирачи се уште не одлучиле како ќе гласаат.
Социолошката агенција „Гезиџи“, чии прогнози традиционално се покажуваат како точни, во јануари предивде дека околу 58 проценти од избирачите ќе се изјаснат „против“ уставните измени.
Ново на Сител
-
Синот на норвешката принцеза е уапсен поради силување
-
Руте ја назначи Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО
-
УНИЦЕФ: Во последните два месеца во Либан се убиени над 200 деца, а 1.100 се повредени
-
За 51% помалку пари за чист воздух во Буџетот - Мицкоски ги остава граѓаните да се гушат
-
Опозициски пратеници и советници ја блокираа зградата на судот во Нови Сад
-
Јаневска: Наредната година 30 милиони евра за студентски стандард, ќе се решат лошите услови во Студентскиот дом „Пелагонија“
-
Старец загина во пожар во неговата куќа во Желино
-
Пронајдени 3.622 монети со археолошка вредност кај 32 годишен Албанец на Табановце