Македонија
8. July 2015 - 16:55

Анкета ИРИ: ВМРО-ДПМНЕ со повеќе од двојна предност пред СДСМ, 23% спрема 11%

ВМРО-ДПМНЕ со повеќе од двојно поголем рејтинг од СДСМ, покажува последната анкета на Американскиот републикански институт ИРИ со седиште во Вашинготн. Според истражувањето Доколку утре се одржат избори, 23% од анкетираните би гласале за ВМРО-ДПМНЕ наспроти 11% кои би му дале поддршка на СДСМ. Во албанскиот политички блок дуи има рејтинг од 7% пред ДПА со 3%.

Премиерот Груевски и натаму има скоро три пати повисок рејтинг од опозицискиот лидер Заев. Во Груевски најголема доверба имаат 18% од анкетираните, додека во Заев веруваат 7%.

Анкетата на американскиот републикански институт покажува дека високиот рејтинг ВМРО-ДПМНЕ го одржува со напорна работа на терен. Речи си половина анкетирани граѓани рекле дека ВМРО-ДПМНЕ е најактивна партија во нивната населено место, наспроти 7% кои голема активност во својата средина гледаат кај СДСМ.

27% од анкетираните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ најнапорно работи за граѓаните наспроти повеќе од двојно помалку кои тоа го сметаат за СДСМ.

Во поглед на економијата, 28% граѓани веруваат дека ВМРО-ДПМНЕ може да се снајде подобро и да обезбеди намалување на невработеноста, наспроти 11% кои веруваат во СДСМ.

23% анкетирани се изјасниле дека ВМРО-ДПМНЕ може да обезбеди подобро владеење на правото, а 10% сметаат дека тоа подобро би му одело на СДСМ.

ВМРО-ДПМНЕ може подобро да се справи со проблемите во меѓуетничките односи сметаат 21% од анкетираните, за разлика од 9% кои му даваат предност на СДСМ

21% анкетирани предност во справувањето со корупцијата му даваат на ВМРО-ДПМНЕ додека за СДСМ се изјасниле 7%.

Во поглед на евроинтеграциската агенда, анкетата на Американскиот републикански институт со седиште во Вашингтон покажува дека владејчката партија има поголема доверба кај граѓаните. 24% од анкетираните сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ може да обезбееди членство во НАТО и ЕУ, наспроти 13% кои му даваат предност на СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ има предност и во поглед на обезбедување на безбедноста и сигурноста на граѓаните. 27% граѓани поголем капацитет за обезбедување на безбедноста на Македонија гледа во ВМРО-ДПМНЕ наспроти 10% за СДСМ.

Речи си три пати повеќе анкетирани сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ има поголем капацитет во локалната самоуправа. Анкетата покажува резултат од 24 спрема 9 проценти во корист на ВМРО-ДПМНЕ.

Експертите коментираат дека теренската анкета која е спроведена врз 1105 испитаници во периодот од 6 до 15 јуни покажува дека македонскиот народ е мудар и дека не ја одобрува деструктивната политика на СДСМ и идејата без избори да се дојде на власт.

Според нив, по 6 месеци политичка криза и повеќе од 30 бомби СДСМ не успеа да направи никакво поместува, а резултатите велат дека на следните избори ВМРО-ДПМНЕ ќе однесе уште една убедлива победа.