Анкета: Грците сметаат дека Мицотакис е посоодветен за премиер од Ципрас

Грците сметаат дека лидерот на грчката опозициска Нова демократија Кирјакос Мицотакис е посоодветен за премиерската функција од Алексис Ципрас, покажа најново истражување, според кое разликата меѓу Мицотакис и Ципрас е 13 поени.
Според анкетата на агенцијата „Пулс“, ако сега има избори во Грција, Нова демократија ќе победи со разлика од 11 поени, односно за оваа партија би гласале 31,5 отсто од анкетираните наспроти 20,5 отсто за Сириза.
Неофашистичката „Златна зора“ се уште е на трето место со 7,5 отсто, Демократскиот блок има шест проценти, Комунистичката партија 5,5, Курс кон слобода три, Сојузот на центристите 2,5 отсто, Потами два проценти, Независни Грци два, и по еден процент од гласовите имаат Андарсија и Национално единство.
Вкупно 38 отсто од Грците сметаат дека предвремени избори сега би биле најдобар чекор за земјата, додека 22 проценти сакаат сегашната коалиција на Сириза и Независни Грци да остане на власт.
Грците се поделени и во однос на потребата од создавање на нови партии. Вкупно 43 проценти се за тоа да има нови партии, додека 45 отсто се против.
Ново на Сител
-

ВМРО ДПМНЕ со предлог закон - пратеник да има само македонско државјанство
-

Тема на денот Бојан Стојаноски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ
-

80 години Драмски театар
-

Минчев: Модерна јавна администрација за побрза интеграција во ЕУ
-

Владата одлучи: Вештачките ѓубрива со маржа до 5%, органските до 10%
-

Укинувањето на Пржинската влада влезе во Собрание
-

Што ќе испорача собранието за ЕУ по политичката влада во Софија?
-

Фетаи не доаѓа во Влада - Алиу вели: Не е во државата
