Анкета: Грците се понаклонети кон Русија и нејзиниот претседател

Агенцијата „ПАМАК“ спроведе истражување, чии резултати денеска ги објави електронското издание на грчкиот весник „Катимерини“, за тоа дали Грците повеќе се наклонети кон Русија или кон Европа.
Податоците од истражувањето покажуваат дека поголемиот број од Грците се русофили, односно 57,5 отсто имаат позитивно мислење за Русија, а дури 67 проценти од испитаниците оценуваат дека рускиот претседател Владимир Путин добро ја извршува својата функција.
Учесниците, не дале позитивно мислење за Путин само поради тоа што го симпатизираат, туку и бидејќи имаат доверба во него.
За германската канцеларка Ангела Меркел, 56 отсто од испитаниците имаат негативно мислење, додека за американскиот претседател Доналд Трамп, дури 73 проценти од нив.
На прашањето „на кого би му верувале најмногу како лидер во светските процеси“, Путин добил 41,5 отсто од гласовите, Меркел 27,5 проценти, а Трамп само пет проценти.
Во однос на тоа кој најмногу ги штити интересите на Грција, испитанците сметаат дека Путин посветува најголемо внимание на земјата (43,5 отсто од испитаниците го делат тоа мислење), додека Меркел (со 29,5 отсто од гласовите) и Трамп (20 проценти) многу помалку.
Очигледно голел број Грци оценуваат дека Путин е силен лидер.
Веројатно, за тоа многу имаат придонесено и грчките медиуми, кои постојано го експонираат рускиот претседател.
Ново на Сител
-

Французин пронајден мртов на лежалка во Ксамил, се сомнева дека бил избоден до смрт од албански државјанин
-

Ангелов: Велешките пожарникари заштитија две села од пожарот, кој од Велес премина во Зелениково и во општина Студеничани
-

Муцунски: По 2019 година повторно ќе се одржи Амбасадорскиот совет, ќе постави конкретни задачи за дипломатската мрежа
-

Неизвесен настапот на Синер на УС опен
-

ХИВ во пораст: 11 нови случаи во јули, меѓу нив и 20-годишник
-

Во Скопје вечер 13. дезинсекција против комарци сезонава
-

Најмалку десет жртви во последните руски напади врз Харковската област
-

Дрога пронајдена при претрес во Прилеп, приведен 47-годишен прилепчанец
