Анкета: Грците незадоволни од СИРИЗА

Песимизам и незадоволство владее во Грција од власта на левичарската партија СИРИЗА, покажува најновото истражување објавено на телевизија „Скај“.
На прашање - дали се задоволни од досегашните постигнувања на Владата, 86,5 отсто од Грците одговориле дека не се задоволни, шест отсто одговориле позитивно, а 7,5 отсто немаат став.
Од испитаниците, дури 88 отсто се убедени дека земјата оди во погрешна насока, а 72 насто очекуваат 2017 година да биде уште полошо. Околу 63 проценти сметаат дека финансиската состојба можеби или сигурно ќе се влоши.
Анкетата покажува и зголемување на разликата помеѓу двете најголеми грчки партии. Нова демократија веќе има предност пред СИРИЗА со 14,5 процентни поени. Трета останува крајнодесничарската Златна зора со поддршка од 7,5 насто. Демократскиот блок и Комунистичката партија имаат по 6,5 насто доверба, Независни Грци - два насто, Сојуз на центристите - 2,5 насто, Народно единство - 1 отсто и Курсот на слободата - 2,5 отсто.
Седумдесет и еден процент од Грците сметаат дека Нова демократија ќе победи на претстојните избори.
Ново на Сител
-

СДСМ бара одговорност за случајот во Ново Село, ВМРО-ДПМНЕ обвинува дека „младите“ се насилници
-

„Силно светнал ден“ за 35 години независност
-

Охрид со бројни настани привлекува посетители
-

Преглед на вестите од светот
-

Пожарот во Сопиште ставен под контрола
-

Охриѓани ја слават Света Петка
-

Тема на денот со Влатко Сулев, претседател на Национална асоцијација за дојдовен туризам
-

Преглед на вестите од светот
