Анкета: Грчките конзервативци повторно со предност пред левичарската СИРИЗА

Грчките конзервативци од партијата Нова демократија уживаат поголема поддршка од левичарската СИРИЗА. Ако сега се одржат избори во Грција, Нова демократија ќе добие 31 отсто од гласовите, наспроти 14,5 гласови за СИРИЗА.
Овие податоци се добиени преку најновата анкета на агенцијата „Опиниан Пол“, направена по нарачка на весникот „Елефтерос типос“.
На трето место е крајнодесничарската Златна зора со 6,7 проценти, потоа Комунистичката партија со 5,6 отсто и Демократскиот блок - 5,5 проценти.
Анкетата покажува дека останатите групи имаат под три проценти поддршка.
За Сојузот на центристите би гласале 2,5 отсто, за партијата Курс кон слободата - 2,6 отсто, додека партиите Независни Грци, Народно единство и Андарсија би добиле по два проценти, а проевропската Потами - еден процент од гласовите.
Ново на Сител
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
-

Тема на денот со Александар Миладиновиќ, новинар на Би Би Си на српски јазик
-

Секојдневие во голема беда и мизерија - руски рулет со животот во куќа која секој момент може им урне на главите
-

Неопходно е да се подигне свеста кај граѓаните за заштита на природата
-

Почна реконструкцијата во КБ-Штип по јулското невреме
-

Општина Струмица го модернизира возниот парк на ЈПКД Комуналец
-

Србија гласа на вонредни парламентарни избори
