Анкета: Германците не одобруваат истрага за наводна навреда врз Ердоган
Мнозинство анкетирани во Германија не поддржуваат истрага спрема телевизискиот водител Јан Бомерман кој на германска телевизија прочита сатирична песна за турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Тоа се вели во резултати на анкета на YouGov.
Седумдесет и седум отсто анкетирани сметаат дека истрагата од Мајнц е несоодветна. Петнаесет отсто поддржуваат истрага, а 66 отсто ја критикуваат телевизијата што ја повлекла песната од интернет. За 48 отсто анкетирани текстот на песната е сосема прифатлив и не содржи никаква навреда.
Телевизискиот водител ја прочита песната, што сам ја напишал, со навредливи „тонови“ спрема Ердоган во рамки на сатирично шоу Нео магазин ројал емитувано на Це-Де-Еф.
Германија доби вербална нота од Турција во која се бараат мерки за водителот. Германски претставници соопштија дека слободата на говор во државата е гарантирана со Уставот.
Ново на Сител
-
Во Кисела Вода почнува акција за бесплатно собирање кабаст и електронски отпад
-
Активности на премиерот Мицкоски на Безбедносната конференција во Минхен
-
Тексас го погоди земјотрес со јачина од 5,2 степени
-
Зеленски: Украина има мали шанси да издржи во војната против Русија без поддршка од САД
-
Трамп нареди укинување на федералното финансирање на сите што бараат задолжителна вакцинација на учениците против Ковид-19
-
Утрото магливо, а потоа променливо облачно со сончеви периоди и повремен дожд
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата