Анкета: 84 отсто од населението во Македонија религиозно, а 88 верува во Господ
Во Македонија 84 отсто од населението е религиозно, 10 отсто нерелигиозно, а 1 отсто се изјаснуваат како атеисти. Дури 88 отсто од Македонците се изјаснуваат дека веруваат во Господ, 6 отсто не веруваат и исто толку не знаат дали веруваат или се без одговор на прашањето на анкетата што ја спроведе Брима Галуп врз репрезентативен примерок од 1.210 испитаници на возраст над 15 години во нивните домови.
Во анкетата што воедно е спрведена во 68 земји во светот од Вин Галуп Интернационал во рамки на 40-тото годишно истражување, од соседните држави, како најрелигиозни се изјасниле испитаниците од Косово (94%) потоа следи Србија (75%), Грција (73%), Албанија (56%) и Бугарија 51%. Од соседните држави, 100% од испитаниците од Косово се изјасниле декам веруваат во Господ, 80% во Албанија, 79% во Србија, 75% во Грција и 58% од испитаниците во Бугарија изјавиле дека веруваат.
На глобално ниво се интервјуирани вкупно 66.541 лица од нив 62% се изјасниле како верници, 74% веруваат дека човекот има душа и 71% веруваат во Господ, 56% во Рај, 54% во Живот после смртта, а 49% веруваат дека постои Пекол.
Генерално, кај луѓето со поголем степен на образование и поголеми примањата, степенот на религиозност опаѓа. Од друга страна, изјаснувањето за различни религиски верувања е најзастапено кај младите луѓе.
Истражувањето покажува дека најрелигиозни земји се Тајланд (98%) и
Нигерија (97%), веднаш потоа се Косово, Индија, Гана, Папуа Нова Гвинеа и Брегот на Слоновата Коска (во сите земји 94% од граѓаните се изјасуваат како религиозни). Од друга страна, пак, Кина е најмалку религиозна земја каде секој седми од десетмина испитаници се изјаснил како атеист, а 23% се сметаат себеси за нерелигиозни.
Анкетата била спорведена од 25 ноември до 2 декември 2016 година.
Ново на Сител
-
Топлотен бран во Македонија до среда со температури над 40-от степен
-
ВМРО-ДПМНЕ во недела ќе го објави кандидатот за градоначлник на Скопје
-
Ѓорчев: Бришењето на македонски јазик е пораз за ЕУ, не за Македонија
-
Обвинение против полицајците за пожарот во „Пулс“, се очекува наесен
-
Комората на Македонија - Турција донира 100 000 евра за реновирање на ДСУ „Наум Охридски“
-
Лилјана и Јован – годинешни младенци за Галичка свадба
-
Мицкоски: Размислуваме за данок за неженети и немажени
-
Филипче: Мицкоски е виновен што е исфрлен Македонскиот јазик од извештајот на ЕК