Анкара: Вчера убиените борци на ИД подготвувале напад на конгресот на Партијата на правдата и развојот
Борците на Исламска држава, кои вчера беа убиени во Анкара, подготвувале напад за време на конгресот на владејачката Партија на правдата и развојот (АКП), соопшти денеска валијата на Анкара, Ерџан Топаџа, пренесе ТАСС.
- Двајцата убиени терористи планирале напад за време на конгресот на АКП, рече Топаџа.
Претходно беше кажано дека еден од терористите е азербејџански државјанин.
Антитерористичката операција беше извршена вчераутро во општински станбен комплекс во квартот Етимесгут, во турската престолнина. Полицијата упадна во апартманот, каде се наоѓале борците. Терористите отвориле оган врз полицајците, и во престрелката биле убиени. При претресот на станот биле откриени рачни гранати, оружје и рачно изработени експлозивни направи со голема моќност.
На вонредниот конгрес на АКП делегатите вчера гласаа за враќање на претседателот Реџеп Тајип Ердоган на лидерското место во партијата.
Ново на Сител
-
Курти поднесе оставка
-
Извештај на Омбудсманот за човековите права: Најмногу поплаки од проблемот со пасошите
-
ЦУК алармира за две отворени шахти во општина Аеродром
-
Издавала регистарски таблици без наплата - Кривична за референт од Куманово
-
Три бронзени бисти украдени од гробиштата „Бутел“
-
Во Турција уапсени 234 лица во меѓународна операција против организираниот криминал
-
Запознајте ја Зора, млада здрава женка балкански рис тешка 15,5 кг. | ВИДЕО
-
Сопружници измамени за 824.000 денари - очекувале да добијат стан