Анкара официјално побара од Атина да ги екстрадира осуммината Турци кои побараа азил во Грција

Турција поднесе официјално барање до Грција за екстрадиција на осуммината Турци кои избегаа во Александруполис по неуспешниот обид за државен удар минатиот месец, јави дописникот на МИА од Атина.
Според некои турски медиуми, документите за предметот и барањето за екстрадиција биле испратени вчера од страна на турското Министерство за правда до колегите во Атина.
Шестмината пилоти и двајца инженери се уште се во полициски притвор во Атика, и чекаат одговор на нивното барање за азил. Нивните апликации ќе бидат разгледани на 19, 23, 24 и 25 август.
Турција сака да им се суди под обвинение за прекршување на Уставот на земјата, за обид да извршат атентат врз турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган и за учество во државниот удар.
Сите осуммина ги отфрлија обвиненијата и велат дека се плашат дека ќе бидат убиени ако се вратат во Турција. Нивниот грчки адвокат, Ставрула Томара за „Катимерини“ изјави дека нејзините клиенти само следеле наредби од нивните претпоставени и немале никаква поврзаност со државен удар.
Таа, исто така, инсистираше на тоа дека било невозможно тие да биле вклучени во обидот за атентат против Ердоган, затоа што биле 30 километри североисточно од Истанбул, што е далеку од Мармарис, каде што турскиот претседател се наоѓал за време на државниот удар.
Томара исто така изрази стравување дека Турција ќе го искористи прашањето за екстрадиција за да се укине договорот меѓу Брисел и Анкара од март минатата година за мигрантската криза. ј
Ново на Сител
-

Мицкоски во посета на Универзитетската клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“
-

Акција на МВР во УЈП Штип
-

Заменик министерот за правда: Лани 5.300 лица добиле примарна бесплатна правна помош
-

Минатата година 142 лица го загубија животот, над 7.000 беа повредени во сообраќајот
-

УГД студенти со практична настава во локалната самоуправа
-

Општина Прилеп доби грант од 50.000 долари од УНДП
-

Преглед на вестите од светот
-

Расте интересот за Лукоил, откако САД го продолжија рокот за продажба до 13 декември
