Анкара: Не преговараме со САД за деескалација во реонот на Африн
Турција и САД не водат какви и да било преговори за деескалација во реонот на сирискиот град Африн, каде турската армија ја спроведува операцијата „Маслиново гранче“, изјави денеска портпаролот на турското Министерство за надворешни работи, Хами Аксој.
Според Аксој, вчерашното тврдење на американското Министерство за одбрана дека Турција и САД водат дипломатски преговори „за деескалација во Африн“, не соодветствува со реалноста.
- Турција не води никакви дипломатски преговори со САД за Африн, нагласи Аксој.
Претставаник на Пентагон вчера изјави дека меѓу Турција и САД се водат преговори „за деескалација во Африн“.
Офанзивата на турските Вооружени сили „Маслиново гранче“, што започна на 20 јануари, е насочена главно против Силите за заштита на народот на сириските Курди, кои се сојузници на САД во борбата против џихадистичката група Исламска држава.
Анкара ги смета Силите за заштита на народот за сириски огранок на Курдската работничка партија, која се наоѓа на листата на теротирситчки организации на Турција, САД и ЕУ.
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
20-годишник без возачка и под дејство на алкохол ја усмрти 22-годишната Фросина Кулаков на пешачки премин
-
Тема на денот со Даниела Николова, пратеничка од СДСМ
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
Колку реално чини потрошувачката кошничка - жестока расправа на пратенички прашања
-
Преглед на вестите од светот
-
22 годишна девојка загина на пешачки
-
24 пешаци загинале само минатата 2024 година