Балкан
17. February 2016 - 18:53

Анкара: Експлозија во близина на турскиот парламент, најмалку петмина згинати

Најмалку пет луѓе загинаа, а стотина се повредени во експлозија на автомобил-бомба во центарот на Анкара, јавуваат локални медиуми повикувајќи се на градски и полициски претставници. 

Според првични информации експлозијата е предизвикана од бомба поставена во автомобил, а цел на нападот било комбе што превезувало војници.

Портпаролот на владејачката Партија за правда и развој објави на Твитер дека експлозијата се случила во близина на Парламентот, зградата на Владата  и Генералштабот на турската армија и оти тоа е „акт на тероризам“.