-->
-->
Анистон: Јас сум сега изгубена, а ме спасува единствено сопругот
-->
Повеќе не ме инспирираат работи што порано ме инспирирале, па сум во потрага по нови работи. Моментално предизвик ми е да пронајдам нешто од што срцето ќе почне да ми пее, изјави Џенифер Анистон (47).
Таа рече дека моментално размислува во која насока сака да ја насочи нејзината кариера и не знае што да работи.
- Јас се обидувам да откријам што точно ме интересира. Моментално сум изгубена што се однесува до кариерата па направив пауза, рече таа. Оптимизмот се уште ми го враќа мојот сопруг Џастин Терокс (45), поради кој се чувствувам „обожувано во секоја смисла и секој ден“.
Поранешната ѕвезда на „Пријатели“ неодамна повторно се налути на медиумите, затоа што ја „заплеткаа“ во разводот на нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит и Анџелина Џоли.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Стратешко партнерство со Британија
-
Флекс Кредит и СОС Детско село продолжуваат со успешната соработка трета година по ред!
-
BALFIN AUSTRIA: 100 милиони евра инвестиции
-
Од странство се враќаат четворица пациенти од пожарот во Кочани, 11 остануваат во странски медицински центри
-
Бранителите на Палевски и Видевски бараат вештачење на пронајдената чаура
-
Скопјанец во двор пронашол рачна бомба
-
Кај 69-годишник пронајдени 15 пушки, шест пиштоли, два револвери и 363 парчиња муниција
-
Мицкоски носи договор за стратешко партнерство со Велика Британија