Анѓушев: Во „Осломеј“ најверојатно ќе се гради котел на висококалоричен јаглен
Во Термоелектраната „Осломеј“ најверојатно ќе се гради котел на висококалоричен јаглен што ќе се увезува, рече вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев одговарајќи на пратеничко прашање, и додаде дека при изградбата ќе бидат имплементирани сите стандарди од аспект на екологијата.
- Во меѓувреме „Осломеј“ за да го намали притисокот на цената на електрична енергија во ЕЛЕМ , односно да ги намали загубите од 12 до 16 милиони евра на годишно ниво, ќе работи одреден период во годината кога ќе има најголема потреба за електрична енергија и притоа ќе се внимава на сите еколошки стандарди, односно електростатските филтри кои се инсталирани да бидат во функција, рече Анѓушев.
Станува збор, како што појасни, за краткорочно работење во наредниот период, а долгорочната стратегија мора да биде со градење нов котел со сите еколошки стандарди.
Анѓушев посочи дека според сите анализи што се направени од Работната група, како и според мислењата на домашните и странските експерти состојбата да се направи реконструкција на постојниот котел нема да даде надеж на работата и затоа најверојатно ќе се изгради нов котел што ќе ги задоволува највисоките стандарди.
- Во регионот на Кичево повеќе нема доволно јаглен за експлоатација, односно местата каде што има јаглен за експлоатација се појавива под куќи и имоти коишто не можат да бидат уништени за да може да продолжи да работи копот, рече Анѓушев.
Населението во Кичево и Кичевско, како што додаде, треба да биде мирно, бидејќи нема да биде нарушена нивната приватност на имотот, а од друга страна нема да биде нарушена животната средина во однос на загадувањето.
Термоелектраната „Осломеј“, како што истакна Анѓушев, во претходните години не работеше воопшто, а оваа година работеше многу малку трудејќи се да ја намали загубата која ја прати.
Ново на Сител
-
Синот на норвешката принцеза е уапсен поради силување
-
Руте ја назначи Шекеринска за заменик генерален секретар на НАТО
-
УНИЦЕФ: Во последните два месеца во Либан се убиени над 200 деца, а 1.100 се повредени
-
За 51% помалку пари за чист воздух во Буџетот - Мицкоски ги остава граѓаните да се гушат
-
Опозициски пратеници и советници ја блокираа зградата на судот во Нови Сад
-
Јаневска: Наредната година 30 милиони евра за студентски стандард, ќе се решат лошите услови во Студентскиот дом „Пелагонија“
-
Старец загина во пожар во неговата куќа во Желино
-
Пронајдени 3.622 монети со археолошка вредност кај 32 годишен Албанец на Табановце