Анѓушев: Веднаш да сопре објавувањето на тендери од страна на АД ЕЛЕМ
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев бара веднаш да бидат стопирани процедурите за објавување на јавните повици на АД ЕЛЕМ за набавка на рударска опрема за РЕК Битола и за изградба на топлификација на Битола, Новаци, Логоварди и Могила во вредност од околу 80 милиони евра.
- Владата на Република Македонија апсолутно се согласува со тоа дека треба да се реализираат проекти со кои ќе се подобрува животот на граѓаните, да се модернизира механизацијата и другата опрема на капацитетите на АД ЕЛЕМ, но сето тоа најпрво треба да помине низ владина процедура. На владина седница треба да се разгледаат и усвојат условите за објавување на јавни повици, кои потоа на транспарентен и законски начин ќе бидат достапни за сите компании кои се заинтересирани да учествуваат, вели Анѓушев.
На јавноста, додава, и е познато дека во изминатите 11 години имаше спорни и незаконски тендерски постапки и избор на изведувачи на тендери објавени од АД ЕЛЕМ, а тоа оваа Влада нема да го дозволи.
- Не сакаме да направиме штета за граѓаните, но не сакаме повторно да се направи штета на буџетот на компанијата и на Република Македонија. Владата на Република Македонија ги има усвоено насоките на делување во полето на енергетиката, ќе инсистираме на развојни проекти во енергетиката, но постапката за објавување на јавни повици освен од управниот одбор на компанијата, мора да биде усогласена и одобрена од страна на Владата, потенцира Анѓушев.
Нагласи дека раководствата на АД ЕЛЕМ, кое е претпријатие во државна сосптвеност, имале повеќе од една деценија да спроведуваат развојни проекти, но, како што посочи, за жал, во тоа поле многу малку е направено.
- Владата нема да дозволи одлуките на менаџментот на АД ЕЛЕМ да бидат позначајни од интересите на граѓаните и ќе инсистира на привремено замрзнување на јавните повици, се додека не добијат позитивна одлука од Владата, прецизира Анѓушев.
Ново на Сител
-
Вучиќ: Имаме информации кој го извршил нападот, ова е вистинска хибридна војна против Србија
-
Протест во Нови Сад по еден месец од трагедијата на железничката станица
-
Една нерегистрирана училишна кујна, оштетени работните површини во четири училишни кујни
-
Девојки од Бразил се проституирале во Џевахир за 150 до 800 евра
-
Триесетина села во Пелагонија без струја
-
20 заглавени возила во Маврово и Попова Шапка, меѓу кои и возило на Пожарна
-
Семејство со две деца заглави во снегот на локалниот пат околу Мавровското Езеро
-
Гренел: Итна истрага за експлозијата на каналот Ибар-Лепенец