Бизнис
19. April 2018 - 19:45

Анѓушев: Сивата економија мора да се сузбие, државата ќе бара начин

Државата ќе бара начини да се справува со сивата економија. Вицепремиерот Анѓушев се согласува со критиката од извештајот на ЕК дека земјава мора да го реши овој проблем. Вели дека во сите сегменти има нелојална конкуренција од која најмногу губи државата.

Според европската комисија, планот за економски раст има потенцијал да ја раздвижи екомомијата. Законот е во собраниска процедура и Ангушев апелира опозицијата да го поддржи затоа што тоа го барале и бизнис коморите во земјава.

Владата е на став дека планот за економски раст ќе даде ефекти уште оваа година и ќе придонесе да се оствари проекцијата за раст на БДП од над 3%. Експертите пак велат дека со стапки под 4,5% макеоднската економија уште долго ќе каска за европскиот стандард.