Анѓушев: Новиот закон за енергетика согласно препораките на Енергетската заедница
Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска во Брисел се сретна со белгиската министерка за енергетика, животна средина и одржлив развој Мари Кристин Маргхем со која разговараше за моменталната позиција на Македонија во делот на енергетиката и за идните планови и перспективи на Владата во енергетскиот сектор.
- Македонија подготвува нов закон за енергетика во кој ќе биде имплементиран Третиот енергетски пакет на Европската унија и мерките препорачани од Енергетската заедница. Иднината во енергетиката ќе се базира на обновливи извори на енергија, преку рационален, одржлив и исплатлив концепт, истакнал Анѓушев.
Анѓушев, како што соопшти неговиот кабинет, изразил благодарност до членките на ЕУ за поддршката искажана во спроведувањето на политиките на македонската Влада и истакнал дека таа посветено работи на спроведување на најавените реформи со цел интеграција на Македонија во Европската Унија.
- Македонија се стреми кон целосна интеграција кон ЕУ и во тој процес Владата смета дека клучна е соработката со земјите членки, како што е и Белгија, и користење на нивните искуства, особено во делот на усогласување на националната регулатива со европските прописи. Споделувањето на информации и искуствата од земјите членки се клучни за интеграцијата на Македонија во ЕУ, подвлекол Анѓушев.
Министерката Маргхем порачала дека Македонија може да очекува поддршка од Белгија во евроинтегративниот процес и оти очекува односите меѓу двете земји да продолжат да се интензивираат.
Вицепремиерот Анѓушев ги презентирал и мерките од владиниот План за економски раст и порачал дека странските инвеститори, вклучително и оние од Белгија, се добродојдени да инвестираат во Македонија.
Ново на Сител
-
Со законски измени ќе се предвидат токсиколошки анализи за докторите
-
Пчеларите едуцираат, како да препознаете фабрикуван мед
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Подобрени преговарачките позиции за влез во Унијата
-
Филипче: Нема достоен живот во Македонија, со најниска плата во Европа
-
Активности на кандидатите на помалите партии
-
Директор на училиште им се заканувал на вработени: Ќе одите на митинг или нема нов Договор
-
Судот одлучи дека Штекли е психички способен да го следи судењето