Бизнис
7. May 2018 - 8:34

Анѓушев на средба со стопанственици од Тетово

Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев денеска ќе го посети погонот на компанијата „Пофикс“ во индустриската зона Тетово.

Во тек на посетата на Тетово Анѓушев ќе има и состанок со претставници на компании – членки на Стопанската комора на Северозападна Македонија, која ќе се одржи во бизнис центарот на „Универзитетот на Југоисточна Европа.