Анѓушев: Фени ќе се рестартира, а доверителите ќе бидат обесштетени

Вицепремеирот за економски прашања Кочо Анѓушев е оптимист дека Фени Индустри АД Кавадарци ќе се рестартира и оти целосно ќе бидат обесштетени помалите доверители, а трите банки најголеми доверители ќе се договорат со новиот инвеститор дел од долгот веднаш да им биде платен, а дел да биде реструктуиран.
Изборот на новиот инвеститор во Фени, како што нагласи, сега е во рацете на судските власти и доверителите.
- Која компанија конечно ќе стане сопственик на Фени ќе се одреди од одборот на доверители согласно транспарентна законска постапка. Ќе биде избрана компанијата која ќе понуди најдобра програма, односно ќе донесе најмногу финасиски средства за отплаќање на долговите и при тоа ќе покаже капацитет и способност да менаџира со фабриката, изјави Анѓушев, одговарајќи на новинарско пршање пред промоцијата на Канцеларијата на претставништвото на италијанската „Конфиндустрија“ во Македонија.
Тој посочи дека новиот сопственик на Фени ќе треба да покаже дека има извор на руда, технологија, знаење и кадар за да може да раководи со компанијата.
Кунико, сегашниот сопстеник на Фени, додаде, го опструира процесот со барањете за изземање на Велешкиот суд кој е надлежен за стечајната постапка на Фени, а секоја понатамошна опструкција ќе значи продолжување на процесот.
- Сите страни треба да покажат посветеност и одговорност во решавањето на проблемот на Фени кој сега е во рацете на судските власти и доверители. Како Влада сме исклучително посветени во делот што го имаме како наши одговорности, а тоа е да создадеме клима колку што може повеќе инвеститори да дојдат во земјава. Ние ќе се трудиме да создадеме услови да привлечеме инвеститори и да го направиме процесот што поконкурентен со цел сите доверители да бидат обесштетени, рече Анѓушев.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Јованка Тренчевска, потпретседателка на СДСМ
-

Филипче: Растат авторитетните тенденции
-

“Стоп за Усје” одржа протестен марш во Скопје
-

УПОЗ го прифати владиниот предлог - административците ќе добијат повисоки плати за 40%
-

Утре стартува Сејф сити, казните за возачите ќе бидат од 15 до 500 евра и одземање возачки дозволи
-

Апсурдна е пресудата за новинарката Вејсели, реагираат медиумските организации и властите
-

Мицкоски за нон-пејперот на Кос: Наше е да работиме за полноправно членство во ЕУ
-

Доколку и во иднина има блокади на балканските транспортерите штета ќе има цел Балкан, но и Европа
