Ангеловски:Заслужен пораз
Македонската фудбалска репрезентација останува без бодови по 4 квалификациски средби за СП во Русија. Поразот од Шпанија е најубедлив и ја продлабочува кризата во А-националниот тим кој покажа уште една немоќ да дојде до поволен резултат иако имаше неколку убави шанси за водство. Селекторот Игор Ангеловски на пресот по мечот токму тука ја лоцираше причината за убедливиот пораз од „црвената фурија“:„Честитки за победата на Шпанија. Мислам дека според сите случувања заслужено победија. Имавме две колосални шанси и штета е што не успеавме да ги искористиме Потоа при резултат од 0:1 пак промашивме, па следуваше казна. Можеби се надевавме на добар резултат, но не успеавме. Ако нешто вреди, тоа е што успеавме да направиме три-четири шанси против ваков противник. Ни се повторуваат исти грешки во одбраната, а моќна селекција како Шпанија знае како да казни. Имавме и голем пех со повредата на голманот Игор Алексовски. Му посакувам брзо да се врати на фудбалските терени. Димитриевски добро го замени и на него можеме да сметаме и во иднина. Мислам дека резултатот е превисок и очекувам да ги корегираме грешките во иднина“-изјави видно разочараниот Ангеловски по мечот.
Ново на Сител
-
Маж и жена од Македонија се заглавиле во заливот Филикури, ги спасиле полицајци
-
Дубровник под вода по силното невреме | ВИДЕО
-
Дошла кај него за да му раскине, а тој ја нападнал и се обидел да ја силува
-
Маж со пушка си го бранел насадот со пченка од диви свињи
-
Кумановка нападната од синот
-
Кривична пријава за девет лица затекнати во незаконска сеча на дрва
-
Невремето „Атена“ ќе ја зафати Грција – предупредување за опасни временски појави
-
ЦУК: Под контрола пожарот во Мариово, активни вкупно пет пожари