-->
-->
Ангеловски: Покажавме дека можеме да играме и со силни противници
-->
Фудбалската репрезентација на Македонија денеска го имаше собирот пред дуелот што во петок го игра против Италија во Торино. На средбата со новинарите селекторот Игор Ангеловски истакна:
- Го знаеме квалитетит на Италија тоа е четирикратен светски шампион. Ќе се обидеме да покажеме максимум. Моите играчи покажаа дека знаат да играат и со силни противници. Имаме доволно време да се подготвиме, да анализираме, фудбалерите на претходните два дуела беа на претходното ниво очекувам така да биде и на овие два натпревара со Италија и потоа со Лихтенштајн на домашен терен во Струмица.
Поради повреда на првиот дуел Ангеловски нема да може да смета на Бобан Николов, додека на негово место е повикан Адис Јаховиќ. На стартот репрезентацијата нема да биде комплетна бидејќи поради клупски обврски ќе доцнат Ристовски, Алиоски и Димитриевски.
Македонија попладнево ќе тренира во 18 часот, а утре во 10:30 часот. Во среда се патува за Италија - Торино каде и ќе се игра натпреварот во петок на 6.октомври. Во среда и во четврток македонската селекција ќе тренира во Италија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
СДСМ бара кривична одговорност за началникот
-
Тема на денот со Иван Анастасовски, професор на Факултетот за физичко образование
-
Еден убиен и четворица повредени во вооружена престрелка во Тетово
-
Разрешен началникот кој сакаше без налог да ја уапси директорката од Демир Хисар
-
Трибини - Место за гордост или сцена за инциденти?
-
Независните се сомневаат во одлуката на ДИК за кандидирање преку потписи
-
Топлотниот бран донесе зголемен број пациенти со мозочни и срцеви удари
-
Високите температури ги реактивираат пожарите