Ангеловски по ждрепката: Македонија влегува со нескриени амбиции, крајна цел е Европското првенство
Денеска во Даблин се одржа ждрепката за квалификациите за Европското првенство 2020 година.
Македонија е во групата Г, а наши противници се Полска, Австрија, Израел, Словенија и Летонија.
Натпреварите од квалификациите за континенталниот собир ќе се одиграат во периодот помеѓу март и ноември 2019 година. Првопласираните две репрезентации од секоја група ќе обезбедат пласман на завршниот турнир, кој во 2020 година ќе се одржи во 12 различни земји.
По извлекувањето на групата селекторот на Македонија Игор Ангеловски истакна дека Македонија има респект кон секој противник, но дека ќе се спротистави на сите.
„Мислам дека добивме група во која се наоѓаат релативно израмнети репрезентации. Македонија влегува со нескриени амбиции, а притоа респектирајќи ги сите противници. Македонија не стравува од никого и може да се спротивстави на сите противници, само сплотено, тимски и со огромна поддршка од јавноста. Ние ќе одиме од натпревар во натпревар и се надевам дека ќе стигнеме до крајната цел, а тоа е пласман на Европското првенство. Откако ќе го дознаеме распоредот ќе започнеме со сите потребни активности за анализа и подобра подготовка на квалификациите”.
Ново на Сител
-
Teма на денот со Татјана Димитровска, претседателка на ДКСК
-
Лидерите на Европскиот Фронт потпишаа декларација против „моноетничко владеење“
-
Гаши ја свика првата координација
-
Лидерите на Европскиот Фронт потпишаа декларација против „моноетничко владеење“
-
Деспотовски: Тој што ќе изгуби на изборите во СДСМ, да не прифаќа партиски функции
-
Мицотакис: Прашањето за Преспанскиот договор ќе го отворам на Самитот на НАТО
-
Матурантите кои препишуваа на испитот по мајчин јазик ќе полагаат пак во август
-
Детектор: Младинскиот активизам на незадоволително ниво