-->
-->
Ангеловски: Пандев покажа колку значи за тимот
-->
Селекторот на македонската фудбалска репрезентација Игор Ангеловски задоволен по триумфот од 4:0 над Албанија на прес конференцијата потенцираше за тоа колку е важно присуството на Горан Пандев во репрезентацијата.
- Пандев одигра уште еден одличен натпревар и покажа колку е важен за тимот. Ќе направам се што е моја моќ тој и во следните квалификации да го носи репрезентативниот дрес. Се надевам дека ова не беше неговиот последен натпревар за Македонија, изјави Ангеловски
За враќањето на Аријан Адеми на терените по суспензијата, кое беше зачинето со гол Ангеловски истакна:
- Среќен сум за Адеми што е пак дел од репрезентацијата. Добиваме одличен играч, тој е пред се голем човек.
Нашата репрезентација овие квалификации ги заврши на 5.место во групата со 11 бодови. По стартните четири порази, во последните шест натпревари од групата избраниците на Ангеловски имаа три победи, две нерешени и еден пораз.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Тешка битка со пожарите - спасен живототот на припадник на армијата кој се борел со огнот
-
Мицкоски во Пустец
-
Пожари го пеполосуваат Балканот и поширокиот регион
-
Во Ургентен на Клинички дневно имаат по 10-15 повредени во сообраќајни несреќи
-
Физичка пресметка со секира во центарот на Струмица, еден приведен, друг во бегство
-
Муцунски на состанок за мир во Истанбул – стратешка цел на Западен Балкан е полноправно членство во ЕУ
-
СДСМ бара оставка од министерот за спорт