Ангеловски: Досега нема пријавено никаков инцидент
Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски рече дека се констатирани неколку случаи на прекршување на изборниот молк.
- Во изминатиот период до почетокот на гласањето имаме неколку прекршувања на изборниот молк, односно нудење на поткуп, и овие случаи се документирани, но имаме и приведување во врска со овие случаи. исто така има и физички напад поврзан со изборите, расфрлање на летоци, кинење на плакати, но во секој случај може да се каже дека воглавно беше мирна предизборната кампања но со исклучок на овие инциденти, рече Ангеловски.
Ангеловски рече дека досега нема пријавено во МВР какво било прекршување на избирачкото право.
- Досега од почетокот на гласањето нема пријавено никаков инцидент, зборуваме за делот кој го покрива МВР. Она што е проблемот со фингерпринтите е во рамки на ДИК, рече Ангеловски.
Портпаролот на МВР додава дека до сега изборите се одвиваат во мирен тек, а доколку има некаков проблем граѓаните да пријават на 192 или на полицискиот службеник кој е во близина на избирачкото место или во полициска станица.
Ново на Сител
-
Русија и Украина договорија прекин на огнот во Црното Море
-
Николоски: Започнуваме борба против административната мафија
-
Македонија одигра нерешено со Велс
-
На Факултетот за музичка уметност ќе се одржи комеморација за Сара Пројковска
-
Без струја делови од Аеродром, Карпош и Кисела Вода
-
Нови претреси и распити во истрагата за пожарот во Кочани, пет пациенти во критична состојба
-
Денес продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
-
Американскиот државен секретар на својот турски колега му ја изрази загриженоста од апсењата и протестите во Турција