Ангеловска: Фискална транспарентност и домаќинското работење со парите на граѓаните
Нина Ангеловска, една од основачите на „Групер.мк“, која е предложена за нов министер за финансии, синоќа по објавувањето на одлуката, се огласи на својот Фејсбук профил.
Ангеловска пишува дека е подготвена да се вложи во прогресивни фискални политики и да го даде својот максимум во унапредувањето на фискалната транспаретност и домаќинско раководење со парите на граѓаните.
– По речиси 10 години домашно и интернационално искуство и значителна меѓународна препознаеност на мојата напорна работа и придонес, чест ми е што моето знаење, потенцијал и ентузијазам за промени, се препознаени да бидат ставени во функција на прогресот на нашата држава. А честа е уште поголема затоа што основaта е целосно непартиска. Понудата ја гледам како шанса, да бидам предводник на промени во земјата во која ја планирам и својата иднина, истакнува Ангеловска.
Таа нагласува дека е подготвена целото свое стекнато знаење, менаџерски способности и бизнис искуство, да ги вложи во вршењето на оваа, како што вели, исклучително одговорна фукнција.
Ангеловска е еден од основачите на Групер.мк, добитник на наградата Форбс 30 и доктор на науки на УКИМ.
Ново на Сител
-
Променливо облачно, со магла и повремен локален дожд
-
Вучиќ: Верувам дека во следните 40 дена ќе биде избрана новата влада фокусирана на економијата
-
Одземени пасошите на Филип Андов Сокол и другите осомничени по акцијата во Шутка
-
Дурмиши : Ја охрабрувам Комисијата за заштита на конкуренција да продолжи да врши контроли на ланци на маркети
-
Мицкоски остварил средба со Ердоган, потврдена посветеноста за зајакнување на стратешкото партнерство
-
Димитриеска Кочоска: Темата со пратеничката Петровска е завршена за мене, се фокусирам на својата работа
-
НБА: Едвардс пред суспензија поради 16 техничка грешка сезонава
-
Кејти Пери оди во Вселената