Ангеловска-Бежоска претседаваше со сесијата за монетарна политика на конференцијата на Централната банка на Белгија
Гувернерката на Народната банка Анита Ангеловска-Бежоска учествуваше на конференцијата на високо ниво „Предизвиците на политиките и новите форми на бизнис во дигиталната ера“ организирана од Централната банка на Белгија.
Како што соопшти денеска НБРМ, конференцијата се одржала на 15 и 16 февруари годинава во Бриж, во регионот Фландрија. Учествувале гувернери и заменици на гувернери на централни банки, како и вицегувернерката Емилија Нацевска, високи претставници на меѓународни финансиски институции и професори на реномирани истражувачки и универзитетски центри од Европа.
Во рамки на конференцијата се одржале три тематски сесии од кои една посветена на предизвиците на монетарната политика во новата дигитална средина. Со оваа сесија претседавала гувернерката Ангеловска-Бежоска, а учесници биле Беноа Мојон, раководител за економски анализи во Банката за меѓународни порамнувања и Клас Кнот, гувернер на Банката на Холандија.
– Фокусот на одделните излагања и на дискусијата водена на оваа сесија беше насочен кон можните ефекти од растечката дигитализација врз ценовната стабилност, спроведувањето на монетарната политика и одржувањето на финансиската стабилност. Притоа, меѓу другото, беше потенцирано дека најновите финтек трендови, што значат поголема и подостапна понуда на финансиски услуги за населението, а со тоа и повисока финансиска инклузија, засега немаат позначително влијание врз централнобанкарските активности. Сепак, на сесијата беше нагласено дека со оглед на брзината и природата на промените во дигиталната сфера, во меѓународни рамки останува потребата од следење и натамошна проценка на можните ефекти и соодветно приспособување на политиките, се вели во соопштението од НБРМ.
Поканата упатена до гувернерката Ангеловска-Бежоска да претседава со оваа сесија на значајната конференција во Бриж е, како штом се наведува, уште една потврда и на високиот углед што нашата централна банка го има во рамки на европската централнобанкарска заедница. Меѓу говорниците на конференцијата, гувернерката Ангеловска-Бежоска била и единствениот висок претставник на централна банка на земја која сѐ уште не е член на Европската Унија.
Ангеловска-Бежоска го искористила своето учество на конференцијата организирана од белгиската централна банка за да оствари повеќе билатерални средби со колеги од Европа. На средбите, како што се наведува, акцентот беше ставен на натамошниот развој на меѓународната активност на нашата централна банка и на нејзиното цврсто чекорење по патот што води до Европскиот систем на централни банки. Во разговорите со своите колеги од Европа, гувернерката Ангеловска-Бежоска разменила и мислења за повеќе актуелни прашања што ја засегаат севкупната европска економија и за предизвиците за централните банки во натамошниот период.
Ново на Сител
-
Националната мрежа на земјоделци смета дека откупната цена на лебното зрно од 12 денари е ниска
-
ЦУК: Осум пожари на отворен простор, четири се активни
-
Тешка сообраќајка во скопски Карпош, три лица повредени
-
Стефковски: Водовод и канализација и Град Скопје да обезбедат вода за Црешево, Смилковци, Маџари, Железара, Автокоманда и Ченто
-
Претреси во Скопје, две лица лишени од слобода, запленета дрога и оружје
-
Ставени под контрола пожарите кај Измир
-
УХМР: Многу топло до вторник, потоа значителен пад на дневната температура
-
Просечната откупна цена на зелката 43 денари за килограм, на доматот 45