-->
-->
Ангелов: Скандирањето „УЧК“ за време на кој било протест ја разгорува меѓуетничката омраза
-->
Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов преку статус на својот фејсбук профил го осуди скандирањето „УЧК“ за време на кој било јавен настан, а особено на протестот за случајот „Монструм"
„СИЛНА ОСУДА
Скандирањето "УЧК, УЧК..." за време на било кој протест или друг јавен настан, без разлика колкава е бројноста на групата која скандира, ја разгорува меѓуетничката омраза и не оди во прилог на процесот на помирување за кој толку многу зборуваме и се залагаме, поради што треба да биде цел на силна општествена осуда од сите значајни општествени фактори.
Уште повеќе иритира фактот дека вакво скандирање се случи на протест за случајот "Монструм" во кој се води судска постапка за сурово убиство на 5 недолжни лица.“ напиша Стојанче Ангелов.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Пожар на Шар Планина, над Боговинско Езеро
-

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат
-

Кениецот Нјорге победник, Ивановски трет на Виз Ер Скопски маратон 2026
-

ЈОРСМ: Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец
-

Модриќ по поразот од Англија: За прв пат по 20 години со репрезентацијата се чувствувам засрамен
-

Во Берово утрово измерени - 4 степени
-

На изборите во Летонија победи коалицијата предводена од премиерот Кулбергс, според над 96 отсто обработени гласови
-

Во БИХ се одржуваат општи избори
