Македонија
2. December 2021 - 12:24

Ангелов: Прво влада во Бугарија, па продолжување на преговорите

Телата на загинатите македонски државјани во сообраќајната несреќа во Бугарија, утре ќе бидат транспортирани во земјава, информираше денес ово Штип, бугарскиот амбасадор Ангел Ангелов.

- Бугарската држава ќе обезбеди 2 воено транспортни авиони со кои ќе бидат пренесени жртвите на несреќата утре наутро, изјави Ангел Ангелов, амбасадор на Р Бугарија.

Одговарајќи на новинарско прашање по однос на македонско-бугарските односи, Ангелов истакна дека најнапред треба да се формира новата Влада, а потоа да се изнаоѓа решение.

- Разговорите продолжуваат и тие никогаш не запреле. Се разбира тие се доверливи, помеѓу двете министерства за надворешни работи. Сега се надеваме дека ќе имаме нова Влада. Утре е првата седница на новиот парламент во Р Бугарија и се надевам дека новата политичка Влада ќе се договори со Владата на РСМ, додаде Ангелов.

Ангелов смета дека проблемот помеѓу двете страни е тоа што договорот за добрососедство не се исполнува. Според Усатвот, во Р. Бугарија не постојат малцинства и сите граѓани се рамноправни пред Законот. 

- Не признаваме колективни права, туку секој има индивидуално право да се чувствува како што сака и тоа никој не може да му го забрани. Не му се забранува ниту да се здружува. 

Ангелов додаде дека тие никогаш не претендирале дека постои бугарско малцинство во Македонија.