Ангелов оствари средба со претставници на Американската одбранбена агенција
Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, оствари средба со претставници на Американската одбранбена агенција за намалување на закани –ДТРА, од Канцеларијата за Европа стационирана во Германија.
Како што информираат од ЦУК, претставниците на Американската одбранбена агенција за намалување на закани изразиле благодарност за вклученоста на ЦУК во досегашните заеднички активности и ја претставиле Програмата на активности за следниот период, којашто предвидува организирање штабна вежба во периодот од 21 до 25 март годинава во Скопје.
![]()
На штабната вежба ќе учествуваат претставници од Системот за управување со кризи меѓу кои од Министерството за одбрана, Министерството за внатрешни работи, Министерство за здравство, Дирекцијата за заштита и спасување, Противпожарната Бригада и други институции.
Целта на вежбата е зајакнување на координацијата, ефикасноста и навремената реакција на учесниците од Системот за управување со кризи во услови на прогласена кризна состојба.

-На состанокот се истакна потребата од вклучување на претставици од медиумите и внатрешните организациски единици за медиумска продукција и односи со јавност со цел да се извежбува и надоградува улогата на медиумите и начинот на информирање на јавноста во услови на голема непогода, криза. Беше претставен и начинот на барање меѓународна помош како важен елемент којшто треба да се вклучи во сценариото на Штабната вежба. Исто така, со конкретен пример од одредена непогода опасноста од уривање на ризичната карпа во Матка, беше претставено функционирањето на НИКС системот со Центарот, се наведува во соопштението од ЦУК.
Ново на Сител
-

Четири лица лишени од слобода, вкупно седум пријави за семејно насилство во изминатото деноноќие
-

Гаши: Да се разјасни случајот со постапувањето кон пратениците на граничниот премин Ќафасан
-

Авионско прскање против комарци утре во Скопје
-

Хита: Полицијата пронашла законски пречки за едно лице на „Ќафасан", останатите што го придружувале сами одлучиле да не го продолжат патувањето
-

Малолетник се здобил со тешки повреди возејќи тротинет во Гостивар
-

Животните во ЗОО паркот во Штип имаат дополнителна грижа и исхрана на летните температури
-

Земјотрес во Македонија – епицентарот кај Велес
-

Тешка сообраќајка кај село Робово - жена загина откако се судрила со камион
