Ангелов и Јанчев ќе информираат за состојбата со пожарите во Кавадаречко

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов и градоначалчникот на Кавадарци, Митко Јанчев денеска на пладне ќе дадат изјава за медиуми за состојбата со пожарите во кавадаречко.
Изјавата, како што информира Ангелов е закажана за 12 часот, неколку километри после бензинската станица и кружниот тек на стариот пат Кавадарци - Прилеп, при што дополнително ќе известат за точната локација.
Ангелов додаде дека ќе информираат за состојбата со пожарите во државата, со посебен осврт на пожарот во атарот на кавадаречките села Раец и Ќесендре.
Тој петходно истакна дека во Кавадаречко пожарникарите биле на ангажирани на терен во текот на целата ноќ, пожарот значително е намален, но се уште е активен.
ДЗС и Центарот за управување со кризи информираат дека од шест часот изутринава на пожарот во Општина Кавадарци се ангажирани повеќе екипи кои интервенираат на два правца.
Во правецот од село Дреново кон село Ќесендре интервенираат ЈП „Комуналец“ – Кавадарци со по една цистерна и скип и двајца вработени, припадници на МВР со еден пинцгауер и четворица вработени, ЈП „Национални шуми“ подружница „Бор“ Кавадарци со камион, џип и четворица вработени, како и осум пожарникари од ТППЕ Кавадарци со два пинцгауери и една „Лада Нива“.
Вториот правец е од реонот кај село Раец каде интервенираат ЈП „Комуналец“ – Кавадарци со една цистерна за вода, еден скип и двајца вработени, ТППЕ Кавадарци со едно противпожарно возило и петмина пожарникари, ТППЕ Неготино со еден џип и четворица пожарникари, како и четворица вработени во МВР.
Пожарот во кавадаречкиот регион зафатил претежно нискостеблеста вегетација.
Центарот за управување со кризи претходно соопшти дека до 07:30 часот утрово се регистрирани 29 пожари на отворен простор, од кои два се активни, а 27 се изгаснати.
МИА
Ново на Сител
-

Уапсен дилер на дрога од Бучим, при преглед на возило пронајдени 14.440 евра
-

Николоски: Се решаваат сложени инженерски проблеми на автопатот Охрид - Кичево
-

Уапсени две лица од Битола и Прилеп поради предизвикување пожари
-

Градот на солидарноста ги мами погледите на странските туристи
-

Трамп: Ќе го прогласам Ормускиот теснец за територија на САД
-

Техеран не донел одлука за продолжување на разговорите со САД, изјави Арагчи
-

Земјотрес од 7,7 степени го погоди источниот дел од Индонезија, најмалку 20 загинати
-

Сончево со услови за локален пороен дожд и грмежи
