Ангелов: Хеликоптерите можат да летаат ноќно време, но не и да гасат пожар
Во овој момент имаме три хеликоптери од Армијата, но функционални за гаснење на пожар се два. Армиските и полициските хеликоптери можат да летаат ноќно време, но да летаат, а не да гасат пожар, рече на денешната прес-конференција в.д. директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК), Стојанче Агелов, во одговор на новинарско прашање.
-Полициските и армиските хеликоптери не можат да гасат пожар. За гаснење на пожар тие доаѓаат ниско на пожарот. Како со ноќни уреди тие ќе наполнат вода од некој вир, од некое мало браниче, или езерце. Значи, хилихоптерите може да летаат ноќно време но не можат и не смеат да гаснат пожари, рече Ангелов.
Посочи дека полицискисте хеликоптери немаат опрема за гасење на пожари и не можат да бидат употребени.
Како што посочи, денеска разговарал со началникот на хеликоптерскиот сектор, односно одделение во МВР, и истите ги користат за транспорт на тешко преодни терени, ако треба да пренесат пожарникари или војници кои би гаселе на лице место, тие, како што рече, им стојат на располагање.
-Авионите се наоѓаат во ДЗС, и ние немаме врска со нив. Ние доколку се исправни можеме да побараме да бидат употребени, ние ги немаме и вината не е наша. Воедно и новиот директор на ДЗС ги затекна во таква состојба, тие се заглавени во бирократска процедура околу тендерот за нивен преглед, за нивен сервис и за ова повеќе инфо ќе побарате од нив, на нив не можеме да сметаме но од друга страна со нив има и одредени лимити, но хеликоптерите се попрактични затоа што во кочани црпеа вода на еден километар далечина од браната Гратче која беше веднаш до местото на пожарот, рече Ангелов.
Ново на Сител
-

Пијан малолетник во Градски парк бил агресивен кон полицајци
-

18-годишник физички нападнат од двајца соученици кои го подолго го вознемирувале во училиште
-

37-годишник во угостителски објект во Крива Паланка нападнал членови на музичка група и оштетил музичка опрема
-

Кривична за двајца полицајци кои употребувајќи прекумерна сила го повредиле лицето кое го апселе
-

Лажниот доктор од Охрид доби казна затвор од пет години и шест месеци, а од измамените граѓани зел околу 56.000 евра
-

Уапсени двајца кумановци барани по потерници, а осудени на седум, односно две години затвор
-

Повикана Брза помош, на еден од обвинетите за трагедијата во Кочани не му било добро
-

Синдикалната минимална кошница за мај 68.743 денари, намалена е за 54 денари во однос на април
