Ангелов: Бугарија може да ја повлече од употреба вакцината „АстраЗенека“
Бугарскиот министер за здравство, Костадин Ангелов, изјави дека вакцината „Астра Зенека“ ќе биде повлечена доколку интересот за неа во земјата целосно се намали.
Дописникот на МИА од Софија пренесува дека Ангелов соопшти дека вакцините на оваа компанија ќе се чуваат во фрижидерите на компанијата „Булбио“ или во регионалните здравствени дирекции во Бугарија.
-Согласно договорите што Бугарија ги има со Европската комисија, ќе се одлучи што да се прави со нив, додаде Ангелов.
Министерот кажа дека има писмо од министерот за здравство на Португалија, во кое се вели дека, како паневропски пристап употребата на „АстраЗенека“ треба да биде ограничена само за лицата на возраст под 60 години.
За таа цел е одлучено да се побара од бугарските стручни совети, вклучувајќи и имунолози, експерти за заразни болести, кардиолози, да дадат итно мислење за тоа што треба да направи Бугарија. Според министерот Ангелов, тие ќе треба да одговорат на две важни прашања – што треба да се прави со бугарските граѓани кои веќе ја имаат примено првата доза и што треба да се направи со луѓето кои не сакаат да ја примат вакцината „АстраЗенека“ како втора доза доколку Бугарија одлучи да ја запре нејзината употреба на територијата на земјата.
Досега ниту една вакцина „АстраЗенека“ не е уништена или исфрлена во Бугарија.
Ново на Сител
-

Клековски: За Михаилова нема постапка за лекување во странство, се врши надзор во нејзината здравствена документација
-

Тема на денот со Сашо Клековски, министер за здравство
-

Синдикалната кошница над 70.000 денари, Ристески: најголем дел од населението зема плата околу просечната
-

Кривична против Јани Макрадули – Штета во Пошта од близу 11 милиони денари
-

Нови 100 амбулантни возила за цела Македонија
-

Нова понуда за професионалните војници – До пензија да останат во АРМ
-

Oдложено рочиштето за Државна лотарија поради отсуство на сведокот на обвинителството
-

Правосуден испит на македонски јазик
