Фудбал
23. May 2016 - 19:41

Ангелов: Барем еден гол за успех

Младата македонска репрезентација засилено се подготвува за следниот квалификациски дуел со селекцијата на Украина на 27.мај во Киев. 

Желбата на избраниците на селекторот Благоја Милевски е да се продолжи добрата серија на резултати во групата и битката првите две позиции со Исланд и Франција. 
За успех во Киев потребни се голови  а за нив е задолжен Виктор Ангелов кој во квалификациите постигна погодоци против Франција:
- Добро играме во нападот на последните натпревари и затоа очекувам дека ќе има голови и во Киев кои ќе ни донесат поволен резултат. 
Украина има нов селектор но од она што го видовме од снимките и анализите нема поголеми промени во настапите, игра цврсто, борбено со многу трчање и затоа очекувам тежок и неизвесен меч. Сепак оптимист сум дека ќе одиграме добро како во Франција и се надевам на успех-изјави Ангелов кој настапува во Унгарија во екипата на Ујпешт.