„Ангела Меркел“ рекламира ново списание за лезбејки
Во пресрет на утрешното излегување на првиот број на едно ново германско списание кое ќе ги третира проблемите на лезбејките, беше промовиран црно-бел спот во кој се појавува и германската канцеларка Ангела Меркел.
Меѓтоа, како што објави италијанскиот весник „Кориере дела Сера“, „Ангела Меркел“ која што се појавува во спотот, всушност не е германската канцеларка, туку нејзина двојничка.
Во една од сцените на спотот „Меркел“ стои крај прозорецот, а во позадина се слуша вест од радио дека 62 проценти од Германците ги поддржуваат истополовите бракови.
Ваквиот спот, според весникот, се оценува како критика упатена на сметка на Меркел, која неодамна во едно итервју изјави дека не поддржува дискриминација, но дека за неа бракот е заедница само меѓу маж и жена.
Инаку, новото германско списание за лезбејки се вика „Стрејт“ („Straight“).
Ново на Сител
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?
-
Дали има лекарска негрижа во случајот со починатото 3–годишно дете од Кавадарци?
-
Муслиманите го слават Курбан Бајрам
-
Голем број Mакедонци продолжениот викенд ќе го поминат надвор од државата
-
Бошков: Доцнењето со оперативниот план втурна 10.000 лица да работат на црно
-
Преглед на вестите од светот
-
ГП Богородица: Колони за излез од Македонија
-
Мисајловски НАТО - Брисел