Ангела Меркел ја почнува турнејата низ Западен Балкан
Со посета на Тирана, германската канцеларка Ангела Меркел денеска ја почнува дводневната посета на Западен Балкан.
Меркел по посетата на Тирана, ќе замине на разговори со државните лидери во Србија и во Босна и Херцеговина.
Предвидено е Меркел да се сретне со премиерите на овие земји и со нив да ги разгледа билатералните односи и енергетските прашања.
Во Сараево Меркел ќе ја посети изложбата, посветена на масакрот во Сребреница во 1995 година, рече Зајйберт.
Меркел во Тирана се очекува да допатува попладнево, каде покрај средбите со албанскиот премиер Еди Рама и шефот на државата Бујар Нишани, ќе учествува и на економски форум. Предвидено е доцна попладенто Меркел од Тирана да замине за Белград.
Мерките кои ќе бидат превземени за посетата на германската канцеларка на Тирана ќе бидат идентични со оние за време на претстојот на папата Франциско на 22 септември мината година и посета на српскиот премиер Александар Вучиќ на 26 и 27 мај, кога за безбедноста се грижеа над 1.500 припадници на алабнското Министертвото за внатрешни работи и гардисти, а градот го надлетуваа и полициски хеликоптери.
Посетата на Меркел ќе биде втора на еден германски канцелар на Албанија по 1999 година, кога Тирана ја посети Герхард Шредер, 12 години по воспоставувањето дипломатски односи меѓу поранешна Западна Германија и Албанија.
Ново на Сител
-
Најмалку девет лица загинаа во самоубиствен бомбашки напад во црква во Дамаск
-
Рубио: Светот е побезбеден по американските напади врз Иран
-
На Богородица и Табановце од македонска страна се чека околу еден час
-
Скопјанец ја повредил својата четиригодишна ќерка, предложен притвор
-
Израел го отвори воздушниот простор по американските напади врз Иран
-
11 наши државјани чекаат евакуација од Тел Авив, летовите ќе бидат обновени во зависност од безбедносната ситуација
-
Нетанјаху го поздрави Трамп за „храбрите напади“ врз иранските нуклеарни постројки
-
Две лица во Куманово го нападнале таксистот кој ги превезувал и не му платиле