Ангажирање млади невработени од Богданци во општокорисна работа
Со работно ангажирање млади невработени лица во рамки на проектот „Општинскокорисна работа“, Општина Богданци повторно ќе го поддржи спроведувањето на владиниот оперативен план за услуги на пазарот на трудот.
- Нашата општина моментно е во фаза на избор на приоритетите, односно кои социјални или други услуги сметаме дека се најпотребни во општинава. Тоа ќе го утврдиме со користење на алатката „Моја општина“ преку која граѓаните рамноправно ќе учествуваат во изборот на услуги со кои ќе аплицираме годинава, информираа денеска од службата за односи со јавноста.
Од Општината најавија дека на најприоритетните позиции работно ќе бидат ангажирани три лица со скратено работно време од 20 часа кои ќе добиваат месечен надоместок и ќе бидат осигурани од повреда на работно место.
Изминатава година најголем интерес во општина Богданци имаше за позициите негувател на деца со посебни потреби, општ работник за грижа на стари лица и хигиеничар за станбени и деловни простории.
Ново на Сител
-
Му кажале дека има биткоини но дека треба да има 200.000 ден. на сметка за да ги подигне, 45 годишен маж измамен во Куманово
-
Повторен конкурс за сместување во студентски домови каде што има слободни места
-
Син ми беше зависник ама се излекува пред да се ожени, сведочеше дедото на Вања
-
Пленковиќ по апсењето на Берош: Ова е чин на предавство
-
ДУИ бара предвремени избори
-
Прекината блокадата на кочанската депонија
-
Саат на Џон Ленон вратен кај Јоко Оно по судски спор
-
На 101 година почина јапонската принцеза Јурико Такаги