Анџелина Џоли станува политичарка

Холивудската актерка и режисeрка Анџелина Џоли ја изненади јавноста со изјавата дека размислува за тоа да почне да се занимава со политика, јавија странските медиуми.
- Кога се занимавате со хуманитарна работа, свесни сте дека политиката мора да биде земена предвид, затоа што доколку сакате да направите големи промени морте да бидете подготвени и да преземете одговорност, изјави неодамна Анџелина.
Американските медиуми коментираат дека по се изгледа, на политичката сцена во Америка има место за луѓето кои со политика немаат допирни точки, а по бизнисменот Доналд Трамп, на американската политичка сцена, по се судејќи, ќе зачекори и Анџелина Џоли. Весниците веќе на големо пишуваат дека актерката веќе ја ангажирала политичарката Арминка Хелиќ за да ја упати во светот за кој таа се уште не знае доволно.
Ново на Сител
-

Mицкоски: Наскоро добри вести од САД
-

Владата одобри 10 илјади работни дозволи за странски работници
-

Нема одложување на второто полугодие – учениците се враќаат на настава во вторник
-

Мјузикал „Као какао“ инспириран од музиката на Влатко Стефановски - премиерата во мај
-

Преглед на вестите од светот
-

Приведени повеќе лица во акција за даночни измами
-

Премиерот Мицкоски во посета на Кратово
-

СДСМ: Владата го загрозува партнерството со САД и ЕУ
