Анџелина Џоли обвинета за „суровост“ кон сиромашните деца
Анџелиа Џоли се најде на удар на жестоки критики и беше обвинета за суровост, откако обелодени како ги бирала децата за улоги во нејзиниот филм за злосторствата на режимот на Црвените Кмери во Камбоџа.
Во интервју за магазинот „Венити Фер“, Џоли вели дека главната улога сакала да му ја додели на дете кое имало тежок живот, па поради тоа при изборот на децата-актери посетувала сиропиталишта, циркузи и училишта во сиромашните реони.
Натаму таа раскажува дека избраните деца морале да „полагаат тест“ во кој добивале пари и задача да кажат на што би ги поторшиле, по што парите веднаш им биле одземани.
Анџелина се поттсетува и на однесувањето на Среј Моч, девојчето кое е избрано за главната улога.
- Среј Моч беше единственото дете кое долго време гледаше во парите. Кога требаше да ги врати неа ја преплавија емоции. Кога ја прашаа за што и требаат парите, таа рече дека починал дедо и и дека немале доволно пари за пристоен погреб, раскажа Џоли.
Ваквите изјава наидоа на жестоки критики на корисниците на социјалните мрежи, кои бесно реагираа на интервјуто, обвинувајќи ја Џоли за „суровост“, а нејзиниот кастинг го оценија како „шокантен и ненормален“.
Ново на Сител
-
Поранешниот директор на Онкологија, Никола Васев, не се чувствува виновен за несовесно лекување на пациенти
-
Украина започна постапка за забрана на Украинската православна црква поради врски со Москва
-
Сончево и топло до крајот на неделава
-
Обвинение против сопственикот на „Рубикон“ за пожарот во дискотеката „Пулс“
-
Исчезнат е 52 годишен кумановец
-
Флекс Кредит ги награди најуспешните вработени
-
Одложена седницата на собраниската комисија на која ќе се расправа за сомнежите за незаконско прислушување од АНБ
-
Вируси и како да се заштитиме