Андреску со историски успех на Индијан Велс

Осумнаесет годишната Бјанка Андреску постигна историски успех, откако ја освои титулата на силниот турнир во Индијан Велс. Во финалето таа се справи со поранешната број 1 во светот Анжелик Кербер, победувајќи ја со 6:4, 3:6, 6:4. Дуелот се претвори во голема битка, која по 2 часа и 18 минути ја доби младата Канаѓанка.
Таа стана најмладата шампионка на турнирот од Серена Вилијамс наваму (1999 година) и четвртата најмлада во историјата на натпреварувањето по Вилијамс, Мартина Хингис и Моника Селеш.
Победите во Калифорнија стануваат причина и за голем скок на светската ВТА листа. Од денес таа ќе напредува за 36 позиции и ќе се најде на 24 место во светот.
Андреску е сензација од почетокот на годината. Таа има 28 победи и само 3 порази, што е најдобра статистика во женскиот тенис. Повеќето нејзини победи се на турнири од пониско ниво, но при учества на големи натпреварувања таа покажа дека тие не се случајни и кулминацијата беше вчерашната титула.
Канаѓанката стана првиот учесник со „вајлд карта“ кој победил на турнирот во Индијанаполис.
Ново на Сител
-

Ристески: Потрошувачката кошничка е готова, очекуваме позитивни сигнали од ЕСС
-

Околу 22 илјади ќе бидат мобилизирани во Франција на денот на финалето на Лигата на шампионите
-

МВР воведува кодекс за облекување за вработените и странките во објектите на Одделот за граѓански работи
-

Спотифај воведе нова опција
-

Турција: Три танкери во Црно Море нападнати од дронови
-

Просечната работна недела во ЕУ е 35,9 часа, во Македонија 39,5
-

Гардијан“: ЕУ разгледува план за членство без право на вето и укинување на едногласноста во одлучувањето
-

Кривична пријава против делчевец затоа што намерно предизвикал шумски пожар
