Андовски: Состојбата на повредените е релативно стабилна, во земјава се лекуваат 89, а 76 се транспортирани во странство
Релативно стабилна е состојбата на повредените во дискотеката, но, не може да се каже каква ќе биде состојбата понатаму, бидејќи сѐ уште е рано, рече денеска заменик министерот за здравство Јовица Андовски, во изјава за медиумите.
Во „пластика“ имало хоспитализирано 17 пациенти, на Токсикологија 13, на Торакална 4, Траума 2, Детска хирургија 4, Карил 14, Стара градска 12, градска општа болница „8 Септември“ 18, Штип 3, Пулмологија 2, или вкупно 89 пациенти во земјава.
Вкупно 76 пациенти се транспортирани на лекување во странство. Последни, ноќеска биле префрлени во Хрватска, Словенија и Виена по двајца, тројца во Атина.
Планирани биле уште префрлувања во странство. Во Виена, Полска, Шведска, Холандија, Италија, Хрватска, Норвешка и Словенија.
Стигнати биле доктори од неколку странски земји. Докторите од Белгија биле на терен и правеле анализа на најтешко повредените на КАРИЛ. Од Израел дошле неколкумина, а се очекувале уште неколку, ќе биле распределени во Клинички центар и „8 Септември“. Пристигнале и по шест доктори од Чешка и ВМА од Белград.
Андовски соопшти дека од шест пациенти во Анкара од кои првично пет биле интубирани, сега биле екстубирани, значи состојбата им се подобрила.
Директорот на Дигестивна хирургија, Огнен Костовски, рече дека во моментов нема да има отпуштање на пациенти. Дури и тие со полесни повреди, ќе биле задржани за да бидат набљудувани. Затоа што после 72 часа, можни биле компликации.
Доктор Андон Чибишев рече дека на Клиниката за токсикологија на почеток биле примени 18 пациенти. Заради влошување, четворица биле префрлени на КАРИЛ, а од нив тројца ќе биле транспортирани во странство. Од тие кои останале, четворица сѐ уште биле во незадоволителна состојба, другите биле стабилни.
- Но, бидејќи се работи, покрај за изгореници на горните дишни патишта и за акутно тешко труење со штетни гасови, посебно со јаглероден моноксид, очекуваме да има компликации во наредните денови. Меѓутоа ние сме сите мобилни, имаме појачани екипи што се грижат за пациентите и мислам дека сѐ ќе биде во ред, да се надеваме дека сѐ ќе биде во ред, истакна Чибишев.
Околу апелите и другите кои биле во околината на дискотеката, а не само во неа, да се јават на лекар, тој рече дека доаѓаат такви пациенти, воглавно малку уплашени.
- Ние на сите им правиме серија клинички иследувања, нешто да не пропуштиме, досега немаме констатирано некакви потешки компликации, меѓутоа, ваквите труења, посебно со отровни гасови, може да дадат доцни компликации. На сите пациенти им е препорачано во наредните десетина дена да дојдат на контрола, веќе се закажани контролите. Ситуацијата е комплетно под контрола, нагласи Чибишев.
Директорот на Фондот за здравствено осигурување, Сашо Клековски рече дека сите пациенти се згрижени на потребното ниво на здравствена заштита, се набљудуваат редовно, тие кои треба се упатуваат во странство, имало понуди и од други европски земји за да прифатат од пациентите.
Раководителот на Трауматологија при ТОАРИЛУЦ, Игор Мерџаноски, сподели дека имало неколку пациенти кај кои имало влошување, но, не биле во тешка состојба. Биле планирани за транспорт и тоа во Словенија, Полска, Австрија, Италија и Хрватска.
Ново на Сител
-
Утре рано изутрина во Скопје авионска дезинсекција против ларви од комарци
-
На граничниот премин Табановце се чека половина час за излез од Македонија
-
Се интервенира на четири пожари на планинските подрачја во Општина Желино
-
Ѓорѓиевски на средба со градоначалникот Зоран Јанковиќ: Љубљана ќе биде град-партнер за развојот на Скопје
-
Фон дер Лајен го најави 19-от пакет санкции против Русија по синоќешниот ракетен напад врз Киев
-
МОН објави обука за наставници за примена на вештачката интелигенција во наставата
-
Почина возач откако излетал од патот кај селото Облешево
-
На Табановце се чека околу 30 минути