Андоновски: Остануваме посветени на исполнување на европските критериуми иако се соочуваме со наметнати билатерални пречки

Владата останува цврсто посветена на исполнување на европските критериуми и на напредокот на државата, напиша попладнево на својот фејсбук профил министерот за информатичко општество и дигитална трансформација Стефан Андоновски кој беше дел од владиниот тим што денеска одржа состанок со премиерот Христијан Мицкоски за реформската агенда.
Според Андоновски, фокусот е јасен - европските стандарди дома, преку подобри јавни услуги, побрзи институции и транспарентни процеси.
-Саботата ја посветуваме на состанок за Реформската агенда. Владата останува цврсто посветена на исполнување на европските критериуми и на напредокот на државата, иако се соочуваме со наметнати билатерални пречки надвор од европската рамка. Фокусот е јасен: европските стандарди дома, преку подобри јавни услуги, побрзи институции и транспарентни процеси. Токму затоа силно ја туркаме агендата за дигитализација – интероперабилност меѓу институциите, современи е-услуги, електронски документи и дигитални решенија што го намалуваат бирократскиот товар и ги штедат времето и нервите на граѓаните и бизнисите. Ова не е формално усогласување, туку практична европеизација. Европските стандарди, квалитетните услуги и функционирањето на институциите се директно поврзани со критериумите на ЕУ за владеење на правото, конкурентност, јавна администрација и економска интеграција, наведува министерот.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Методи Хаџи-Јанев, воено безбедносен експерт
-

Дали има поврзаност на убиствата во кумановско?
-

Кој е за, а кој против членство во ЕУ без право на глас?
-

СДСМ: Контроверзен конзул во Србија
-

Денеска се чествува Св. Ѓорѓи Кратовски, симбол на пожртвуваноста за христијанството
-

Два големи јубилеја во Прилеп - 100 години „Прилепски мечкари“ и 25 години Карневал Прочка
-

Карневалски спектакл во Струмица
-

Марш во чест на Борис Трајковски
